Одлуката за условен увоз на пченица и брашно од Србија нема да се укине с` додека не заврши откупот на домашното лебно жито и додека пазарот со брашно не се избалансира - велат во Министерството за земјоделство. Според министерот за земјоделство Љупчо Димовски оваа мерка е воведена по барање и на производителите и на мелничарите заради надминување на проблемот со нелојалната конкуренција. Според него, заклучокот од ЦЕФТА-состанокот одржан пред неколку дена во Белград е решавањето на проблемот да се сведе на билатерално ниво. Максимално се трудиме да ја искористиме можноста за откуп на домашната пченица. Имаме разбирање од мелничарите, но и од индивидуалните производители.
Одлуката за условен увоз на пченица и брашно од Србија нема да се укине с` додека не заврши откупот на домашното лебно жито и додека пазарот со брашно не се избалансира - велат во Министерството за земјоделство.
Според министерот за земјоделство Љупчо Димовски оваа мерка е воведена по барање и на производителите и на мелничарите заради надминување на проблемот со нелојалната конкуренција. Според него, заклучокот од ЦЕФТА-состанокот одржан пред неколку дена во Белград е решавањето на проблемот да се сведе на билатерално ниво.
- Максимално се трудиме да ја искористиме можноста за откуп на домашната пченица. Имаме разбирање од мелничарите, но и од индивидуалните производители - вели Димовски.
Тој порача да не се шпекулира кога ќе заврши откупот. Неговите процени се, како што рече, дека преземањето на количините ќе трае до втората половина на август. Се очекува да бидат откупени околу 150.000 тони пченица. Изминативе месеци во Македонија се увезени 153.000 тони пченица и 70.000 тони брашно што значително го наруши домашниот пазар.
По состанокот на ЦЕФТА од Србија стигнаа информации дека очекуваат одлуката од македонска страна да биде укината најдоцна за еден и пол месец.
Од годинашнава реколта процените се дека од засеаните 90.000 хектари со пченица, ќе се ожнеат од 260.000 до 280.000 тони, за разлика од лани кога производството изнесуваше 218.000 тони пченица. Околу 40 отсто од производството или 100.000 тони откупуваат мелничарите. Годишните потреби на Македонија се од 250.000 до 300.000 тони. Ако се има предвид податокот, дека ланските резерви во висина од 30.000 тони се префрлени во оваа година, тогаш на Македонија повторно ќе ~ недостигаат околу 150.000 тони пченица кои ќе мора како и секоја година да ги увезат.